„Старата дама“ бележи слаби резултати на стартот од новата сезона, се говори за отказ на Макс Алегри и пристигнување на нов тренер.
Низ медиумите кружат многу имиња, дел од гласините најавуваат враќање на Антонио Конте во Торино.
„Ова е неверојатно. Во овој дел од сезоната да се говорат вакви работи, па тоа е непочитување кон тренерот на Јувентус и кон мене“ - одговори остро Антонио Конте.
„Само што ја почнавме сезоната, многу пати сме зборувале на оваа тема и ќе повторам дека сум среќен во Тотнем“.