Беше жестоко и надвор од теренот

Конте и Ањели имаа своја војна, се разменуваа пцовки и непримерни гестикулации (ВИДЕО)

Тренерот на Интер, Антонио Конте за време на вчерашниот меч против Јувентус влезе во војна со својот поранешен работодавец, Андреа Ањели. 

Мечот меѓу Јувентус и Интер заврши без голови, но имаше многу тензија и на теренот и надвор од него. А посебно жесток беше дуелот меѓу тренерот на Интер, Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
 
По крајот на првото полувреме одејќи накај тунелот, Конте му го покажа средниот прст на Ањели.
По крајот на мечот Ањели од трибините му довикуваше на Конте: „Одеби, замолчи шупаку“.
На прес конференцијата по мечот Конте му држеше лекција по добро однесување на Ањели.
 
„Мислам дека тие треба да бидат покултурнии. Треба да се однесуваат поспортски ии да имаат повеќе поит. Со тоа што тој го кажува не ме навредува само мене, туку го навредува и Јувентус“, изјави Конте.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе