Премиерлига

Конте го седна Сон на клупа, Јужнокореанецот одговори со два прекрасни гола и хет-трик! (ВИДЕО)

Тотнем ја продлабочи кризата на Лестер и славеше со убедливи 6-2, Хеунг Мин Сон постигна два прекрасни гола и забележа хет-трик откако влезе од клупата за резерви.

Лестер останува на последното место на табелата без победа, избраниците на Роџерс попладнево беа декласирани на гостувањето кај Тотнем.

Тилеманс од пенал ги донесе „лисиците“ во предност во 6. минута, но Кејн само две минути подоцна изедначи на 1-1. Даер во 21. минута погоди за пресврт и водство на домаќините од 2-1 но пред крајот на првиот дел Медисон реализираше за 2-2.

Тотнем се врати во предност веднаш на почетокот од второто полувреме, Бентанкур донесе 3-2 а потоа на сцена стапи Хеунг Мин Сон, кој беше седнат на клупа по слабите партии.

Јужнокореанецот постигна два прекрасни гола од далечина за во 87. минута да финишира една контра за хет-трик и победа од 6-2.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе