СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ТРАНСФЕР

Конте го сака Агуеро, Гвардиола дал зелено светло

Од Шпанија пристигнува информација за изненадувачки трансфер во Премиерлигата, Антонио Конте сака во Челси да го донесе Кун Агуеро од лутиот ривал Манчестер Сити

Антонио Конте повеќе не смета на услугите на Диего Коста, па шампионот на Англија е во потрага на нов голгетер,

Минатата недела,„Сините“ дозволија Манчестер јунајтед да им го украде Ромелу Лукаку, па Челси сега треба да се насочи кон други цели.

Алваро Мората од Реал Мадрид. Андреа Белоти од Торино и Пјер Емерик Обамејанг од Борусија Дортмунд се посочуваа како опции, но медиумите од Шпанија денеска говорат за изненадувачки трансфер.

Според Ману Саинц, Антонио Конте како прва цел го идентификувал Кун Агуеро, кој е еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата.

Новинарот на АС исто така вели дека Пеп Гвардиола веќе дал зелено светло за преселба на Аргентинецот на Стемфорд Бриџ.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе