Стратегот издвојува важна победа надвор од терените

Конте го доби Челси на суд, „сините“ треба да му исплатат 9 милиони фунти!

Антонио Конте го доби судскиот процес против Челси, „сините" ќе треба да му исплатат на стратегот 9 милиони фунти, односно сумата од последната година од договорот.

Италијанецот силно се поврзува со кормилото на Интер, иако има и гласини кои говорат за можноста тој да го превзеде Јувентус. Но без разлика која опција ќе ја одбере, тој со насмевка на лицето ќе чека одново да седне на тренерското столче.

Како што пренесуваат медиумите од Англија, Антонио Конте ја добил правната битка која ја водеше со Челси.

Стратегот ги даде „сините“ на суд откако клубот од Стемфорд Бриџ одби да го обесштети за предвреме раскинатиот договор и отказот кој му го врачија минатата година.

Челси се правдаше дека Ангонио Конте прекршил неколку интерни правила, особено со смс пораката која му ја испратил на Диего Коста и го известил напаѓачот дека треба да си бара нов клуб. Наводно со овој потег Италијанецот го оневозможил клубот да го продаде играчот за највисоката можна сума.

Сепак, трибунал од три лица пресудил во корист на Антонио Конте, па сега Челси треба да му исплати на стратегот 9 милиони фунти, односно последната година од договорот.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе