Напаѓачот пред една недела се пресели на „Гудисон“

Конфузија околу трансферот на Хамес во Евертон: Не биле платени 25 милиони евра, Реал го дал беспари!

Голема конфузија околу трансферот на Хамес Родригез во Евертон, медиумите од Англија и Шпанија пишуваа дека се работи за зделка од 22 милиони фунти, односно 25 милиони евра, но поранешниот клуб на играчот сега соопшти дека Колумбиецот се преселил на „Гудисон" за беспари.

Минатата недела, „карамелите“ донесоа три квалитетни засилувања, во сината половина на Ливерпул пристигнаа Хамес Родригез, Абдулаје Дукуре и Алан.

За трансферот на Колумбиецот, медиумите од Англија пишуваа дека се работи за зделка од 22 милиони фунти, а нивните колеги од Шпанија за трансфер од 25 милиони евра, горе-долу истата сума кога ќе се земе во предвид курсната разлика.

Но поранешниот клуб на Хамес Родригез сега вели дека трансферот всушност бил беспари. Од таборот на Банфилд се обратиле до Реал Мадрид и Евертон со оглед на тоа дека им следува процент од сумата како дел од механизмите на ФИФА за солидарни исплати, но им били кажано дека играчот се преселил гратис на „Гудисон“ па затоа нема да добијат ништо.

Ова внесува конфузија иако голем број на зделки се направија на овој начин ова лето поради коронавирус кризата. Клубовите гледаат по секоја цена да се ослободаат од играчите кои не се дел од плановите, особено оние со висока плата. 

Но кога се работи за звучни имиња, обично се плаќа некоја симболична сума и се додаваат бонуси за плаќањата да бидат извршени во подолг временски период и буџетите да не се оптоварат во овие тешки моменти.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе