Јувентус потврди

Конечно, Роналдо е негативен на ковид-19

Кристијано Роналдо конечно доби негативен тест на ковид-19 и ќе може да му се стави на располагање на Андреа Пирло за следните натпревари на Јувентус. 

За време на репрезентативната пауза, Кристијано Роналдо се зарази со коронавирус, иако се надеваше дека ќе биде подготвен за дуелот со Барселона, сепак тоа не се случи.
 
Роналдо подолго време не можеше да добие негативен тест, а фрустрациите ги покажуваше и на социјалните мрежи. Јувентус сега потврдува дека Португалецот конечно е негативен на ковид-19.
 
„Кристијано Роналдо направи нов тест за ковид-19. Тестот покажа негативен резултат. Фудбалерот се опорави по 19 дена и веќе не е во домашна изолација“, стои во соопштението на Јувентус.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе