Емотивен пост на контроверзниот напаѓач

Конечно нешто паметно и од Балотели: Здравјето е поважно од парите, прекинете го првенството поради овој проклет коронавирус

Марио Балотели се согласува со Асоцијацијата на фудбалери, контроверзниот напаѓач вели дека првенството во Италија треба да биде стопирано поради коронавирусот и додава дека здравјето е поважно од парите.

Ситуацијата во Италија станува се поаларманта, има на 5.000 заразени и 233 смртни случаи поради коронавирусот а властите размислуваат во карантин да стават неколку области од северниот дел на земјата, или околу 16 милиони луѓе.

Асоцијацијата н фудбалери синоќа повика првенството да се прекине и да нема фудбал се додека коронавирусот не се стави под контрола. Подршка за оваа идеја даде и Марио Балотели, кој порача дека здравјето е поважно од парите.

„100% се согласувам со тебе“ – напиша контроверзниот напаѓач во одговор на постот на првиот човек на Асоцијацијата на фудбалери, Дамјано Томази.

„Здравјето е поважно од парите, мора да се разбудиме. Немојте да ми пишувате глупости како „Ти си заштитен! Што ти прави разлика дали играш или не? Ништо нема да ти се случи зад затворени врати! Немој да ги оставите луѓето од црвените зони без единствената разонода за викендите“. Јас го обожавам фудбалот повеќе од вас... но играњето значи патување со автобус, воз, авиони, спиење во хотели, односно стапување во контакт со луѓе кои се надвор од вашата работна околина...“

„Не можам да си го видам детето поради овој проклет коронавирус, како што знаете тие не живеат во Ломбардија, па тоа ме прави бесен и тажен. Не сакам мојата мајка, која ме гледа и јаде со мене речеси секој ден, да фати нешто од мене. Таа е постара, и без разлика колку го обожавам фудбалот, на кого му должам сè, нема да ја ставам во риизк да се зарази!“

„Зошто би го правел тоа? Да забавувам некој друг? Или да помогнам да не загубат пари? Не бидете смешни! Престанете да бидете себични, доста ни од ова. Луѓе, нема шала кога здравјето е во прашање“.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе