ФК Вардар

Комити најавија марш за Вардар низ улиците на Скопје

Навивачката група на Вардар, „Комити“ најави марш низ улиците на Скопје поради неизвесната иднина на клубот откако Самсоненко си замина.

Самсоненко го напушти Вардар, клубот е вратен на градот Скопје, но нејасно е каква ќе биде неговата иднина. Дали и како градските власти ќе се грижат за него додека дојде нов, сличен инвеститор на Русинот.

„Комити“ преку соопштение најавија марш за Вардар низ улиците на Скопје:

„Тешки денови доаѓале и поминувале.

Најлошото го надминувавме, излегувавме како победници, но во суштина и не постои сценарио со кое ние би изгубиле. Дали може да да биде победено или уништено нешто што трае вечно? Низ призма на времето, Вардар ги надживеал сите кои му предвидувале или посакувале пропаст или успеси. Вардар бил тука и пред да бидеме родени, Вардар ќе остане и откако ќе заминеме од овој свет.

Љубовта кон клубот секогаш останува, и се пренесува од татко на син, од колено на колено.

Се менувале низ историјата многу управители. Акционерски друштва, Фирми, Бизнисмени, Колективни членови, Градски татковци, се од почетокот...

Вардар е основан од Собранието на Град Скопје, повеќе од две третини од својот животен век од 1947-ма па наваму е под патронат на својот татко основач - Град Скопје и Јавното Претпријатие за Стопанисување со Станбен и Деловен Простор - "ПУИГ".

Од денес официјално и Вардар се раздели со својот досегашен времен Управител и концесионер - Сергеј Самсоненко.

Му Благодариме за се што направи за Вардар, можеби нашите патишта повторно ќе се вкрстат во иднина !

Денес и официјално формално правно Фудбалскиот Клуб Вардар е вратен, пред истекот на концесијата, кој своите основачи и сопственици Градот Скопје и "ПУИГ".

Многу градски татковци досега биле горди што на своите плеќи ја носеле одговорноста да бидат предводници на Симболот на Градот, љубовта на Скопје и Македонија - ФК Вардар !

Успесите од своето владеење ги врзувале со успехот на настапите на своето чедо - ФК Вардар.

Вардар е над сите партии, Вардар е најголемата спортска институција и големина која го надминува надалеку спортот, допира до Македонскиот идентитет.

Не знаеме дали кај Градските власти и ПУИГ, постои желба и волја да го превземат клубот, трајно или времено до пронаоање на нов финансиер и времен сопственик и управител, но тоа е обврска и нужност, а се надеваме и љубов и страст, затоа што Вардар е Скопје, Вардар е и Македонија !

Во меѓувреме упатуваме Апел до досегашните и старо-новите управители, итно да изнајдат взаемно прифатливо решение, на бенефит на сите страни а пред се на навивачите на Вардар, граѓаните на Скопје и народот, за Вардар да го фати последниот воз за Европа преку обезбедувањето на лиценца !

Играчите и стручниот штаб пред и над се, со својата несебична пожтвуваност и однос кон клубот, не задолжуваат да реагираме час поскоро, да не чекаме, затоа што секој час и минута значат !

Ја информираме цела Црвено Црна Армија да се мобилизира, наскоро ќе организираме голем Марш За ВАРДАР низ улиците на Скопје !

За времето и агендата ќе бидеме благовремено информирани.

За Вардар нема компромис !

Еден живот, една љубов !

#ВардарЖивееВечно“

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе