Барса во неделата наместо да се радува на трофеј, дозволи Атлетик Билбао да се спаси во последните мигови и потоа на продолженија да стигне до трофејот од Суперкупот на Шпанија.
Разочарувањето од поразот е големо, а дополнителен проблем биле и коментарите на Антоан Гризман, Французинот критикуваше за лоша комуникација и тоа креирало контроверзија и раздор во соблекувалната.
„Се браневме лошо, не комунициравме... Кога топката ќе излезе, или кога ќе треба да трчате назад, некој треба да викне, да се раздере“ - рече напаѓачот.
Како што пренесува СЕР, на поголемиот дел од играчите не им се допаднале овие зборови, кои биле протолкувани како напад врз Тер Штеген и некои од дефанзивците.
Сепак, има и друга страна на приказната. Луѓето од кампот на Гризман посочувале дека не само што нема контроверзија и раздор, голем број од фудбалерите имале исто мислење.