СП 2018

Колумбија покажа што знае, со убедлива победа ја елиминира Полска (ВИДЕО)

Колумбија одигра одличен меч и со убедливи 3-0 ја победи Полска. Полјаците ги загубија сите шанси за пласман во осминафиналето, а на Колумбијците им е потребна победа во последното коло со Сенегал. 

По неочекуваниот пораз од Јапонија, Колумбија се врати со убедлива победа над Полска. Одиграа одличен натпревар и сосема заслужено дојдоа до посакуваните три бода.
 
Колумбија доминираше од самиот почеток на натпреварот, но немаше шанси се до 40. минута кога по една убава акција, Хамес Родригез асистираше до Мина кој погоди со глава за водство од 1-0.
 
По негативата Полска почна да напаѓа во вториот дел а тоа им овозможуваше шанси од контра напади на Колумбијците.
 
Првата шанса Полска ја имаше дури во 59. минута кога Левандовски биеше од одлична позиција но Оспина го одбрани неговиот удар.
 
Десет минути подоцна брза контра на Колумбија, Кинтеро го проигра Фалкао а тој мајсторски шутна и зголеми на 2-0.
 
Во 75. минута нова контра на Колумбија, овој пат Родригез асистираше до Квадрадо кој се најде сам пред Счесни и не му беше тешко да ги постави конечните 3-0.
 
До крајот на мечот и двете селекции имаа по една сериозна можност, но мрежите повеќе не се тресеа.
 
Колумбија сосема заслужено ги освои трите бода, а за да ја комплетира радоста во последното коло треба да го победи Сенегал и да се пласира во осминафиналето, Полска веќе нема шанси, може само да и ги расипе сметките на Јапонија.
 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе