ПМФЛ

Коло на домаќините, гостите не дадоа ниту еден гол, победи за Вардар и Шкендија, нов пораз на Работнички

Вардар рутински го совлада Борец со 2-0, Шкендија ја оствари првата победа под водство на новиот тренер триумфирајќи над Силекс со 3-0, Работнички загуби кај Шкупи со 2-0 и остана на дното на табелата. 

По ремито со Македонија Ѓорче Петров, Вардар им се врати на победите откако денеска славеше над Борец со 2-0.
 
Резултатот беше отворен уште во третата минута со гол на Аврамовски, а победата ја завери Али Адем во 71. минута од натпреварот.
 
Шкендија со 3-0 го победи Силекс, а деби гол за тетовскиот тим постигна Хуан Фелипе кој прекрасно од слободен удар погоди во 31. минута за водство од 1-0. Во вториот дел голови постигнаа Мици и Благоевиќ.
 
Работнички има нов тренер, но резултатите се стари. Денеска загубија на гостувањето кај Шкупи со 2-0. Исени и Сержињо беа стрелци на головите.
 
Најубедлива беше екипата на Академија Пандев која со 4-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров. Дориев и Стоилов погодија во првото полувреме, Рајковиќ и Томовски во вториот дел.
 
Струга Трим Лум со гол на Драгарски славеше со 1-0 над Ренова.
 
Резултати 11 коло:
 
Вардар - Борец 2:0
Шкендија - Силекс 3:0
Шкупи - Работнички 2:0
Академија Пандев - Македонија ЃП 4:0
Струга ТЛ - Ренова 1:0
 
Табела:

1. Академија Пандев 24
2. Вардар 24
3. Шкупи 16
4. Македонија ЃП 16
5. Шкендија 14
6. Струга ТЛ 14
7. Ренова 13
8. Силекс 12
9. Борец 11
10. Работнички 10
 
Фото: ФК Вардар

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе