Босанецот со својот херојски потег ги запали социјалните мрежи

Колашинац не случајно скокна да се тепа со крадците, еве што кажаа Озил и Обамејанг пред пет месеци (ВИДЕО)

Сеад Колашинац ги запали социјалните мрежи откако со голи раце скокна да се тепа со двајца крадци кои со ножеви се обидуваа да го украдат автомобилот на Месут Озил, но реакцијата на левиот бек не е случајна.

Босанецот испадна вистински херој во четвртокот, кога без грав страв им се спротивстави на двајца крадци кои со нож во раката се обидоа да го земат автомобилот на Месут Озил.

Но не случајно Сеад Колашинац скокна да се тепа со крадците. Фановите на Арсенал прочепкаа по архивите на ТВ каналот на „топчиите“ и најдоа едно видео од февруари месец.

Месут Озил и Пјер Емерик Обамејанг беа гости во емисија и добија прашање кој соиграч би сакале да го имаат покрај себе во тепачка. Двајцата фудбалери со насмевка на лицето експресно одговорија дека тоа е Сеад Колашинац. Очигледно во соблекувалната на Арсенал сите знаат дека левиот бек е подготвен да им помогне на пријатели во неволја.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе