На урнебесен начин ја прокоментира наводната листата со барања до ПСЖ

Кога Мбапе ќе реши да се справува со „фејк њуз“: Сакам да играм и како голман (ФОТО)

Килијан Мбапе со голема доза на хумор ги прокоментира шпекулации за неговата иднина и наводната листа со барања која ја доставил до лидерите на ПСЖ.

Младиот напаѓач минатиот месец ја стави под знак прашалник својата иднина во Париз откако изјави дека сака поголема одговорност и доколку тоа не му биде овозможено во ПСЖ, ќе си ја проба среќата во друг клуб.

Па покрај гласините за негов трансфер во Реал Мадрид, почнаа да кружат и шпекулации за ситуацијата на Килијан Мбапе во Париз. Имаше најразлични стории за тоа дека тој е незадоволен од третманот кој го добива од тренерот Томас Тухел, како и привилегиите кои ги уживал Нејмар, кој има статус на прва ѕвезда.

На социјалните мрежи вчера се појави сторија дека фудбалерот, односно неговите агенти доставиле листа со барања до управата на ПСЖ за Килијан Мбапе да остане на „Паркот на принцовите“.

Наводно тој побарал гаранции дека во иднина ќе игра во врвот на нападот а не по крилните позиции, дека мора да ги изведува сите пенали кога е на теренот и мора да добие далеку поголем процент од имиџ правата.

Килијан Мбапе сега ги искоментира ваквите шпекулации и одговори на урнебесен начин.

„Извинете, но сте заборавиле нешто, Килијан Мбапе сака да игра и како голман“ – напиша Французинот заедно со насмеано емоџи и додаде дека се работи за „фејк њуз“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе