Премиерлига

Кога Ливерпул може да ја завери титулата во Премиерлигата?

Сезоната од Премиерлигата ќе продолжи, а тоа значи дека само прашање на време ќе биде кога Ливерпул ќе ја освои титулата шампион на Англија за која чека 30 години.

Познат е распоредот во Премиерлигата, па веќе може да се прават и математики кога Ливерпул ќе може да дојде до триумфот.

Тие имаат 25 бодови повеќе од Манчестер Сити и потребни им се уште шест за теоретски да ја заверат титулата, може до неа да дојдат и со само три доколку граѓаните загубат.

Сезоната продолжува со заостанатиот дуел меѓу Арсенал и Манчестер Сити. Доколку тимот на Гвардиола биде поразен на овој дуел, тогаш Ливерпул ќе може да дојде до титулата уште на нивниот прв меч од продолжението.

Тоа е дуелот со Евертон кој се игра на 21 јуни. Едно такво сценариот во кое ја освојуваат титулата со победа над градскиот ривал би било идеално за Ливерпул.

Но доколку не се случи тоа, Ливерпул ќе може да ја освои титулата на 24 јуни кога игра против Кристал Палас.

Ако поради некој кикс не успеат ниту на тој датум да станат шампиони, им доаѓа интересен дуел. На 2 јули му гостуваат токму на Манчестер Сити. Фудбалерите на Клоп се надеваат дека дотогаш ќе им биде завршена работата, но можеби возбудливо би било токму на овој терен да дојдат до неа.

Рекордите кои може да ги сруши Ливерпул:

- Рекордот на освоени бодови во Лигата го држи Манчестер Сити (100 бода), доколку го добие сите мечеви до крај, Ливерпул може да освои 109 бодови. Тоа значи дека и со осум загубени бодови до крајот можат да бидат шампиони со најмногу освоени бодови.

- Најголемата разлика меѓу првиот и вториот на крајот на табелата била 19 бодови. И овој рекорд го држи Манчестер Сити, за да го одбранат него треба да освојат шест бода повеќе од Ливерпул до крајот на сезоната, во спротивно црвените ќе испишат историја.

- На Ливерпул му требаат уште шест победи од деветте меча за да го урнат и рекордот кој го држи Сити за најмногу победи во една сезона, 32.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе