Анѓушев пред десетина дена незадоволен од тоа како се бираат делегатите во Општинските сојузи, најави заминување од Борец, а сега тоа и го оствари.
Кочо Анѓушев обвини дека првиот човек на ОФС Велес, Лазар Ракиџиев одбрал делегати кои му одговараат на првиот човек Муамед Сејдини, и меѓу нив нема ниту еден претставник на Борец.
Тој разочаран од начинот на кој функционира фудбалот во Македонија се повлекува од инвестирање, комплетно ќе ги исплати фудбалерите и сите вработени во клубот и ќе им ја даде целосната документација да можат слободно да си заминат во друг клуб.