Ќе им бидат ли одземени трофеите?

Клубовите од Премиерлигата бараат казна за Манчестер Сити и на домашен терен

УЕФА го казни Манчестер Сити поради кршење на правата за Финасиски Фер Плеј, Премиерлигашите бараат клубот да биде сакнкциониран и во домашното првенство, но сметаат дека премногу би било исфрлање во понизок ранг. 

УЕФА го казни Манчестер Сити со две сезони неиграње во Лигата на шампионите и глоба од 30 милиони евра поради непочитување на Финансискиот фер плеј
 
Сити заобиколување ги правата се стекна со повеќе пари за трошење отколку што реално требаше. Затоа клубот трошеше значително повеќе пари за засилувања од конкурентите со кои си озбеди поквалитетен и поширок ростер кој им носеше трофеи.
 
Поради стекнатата предност на нелегален начин во однос на другите, клубовите од Премиерлигата сметаат дека Манчестер Сити треба да се казни и на домашно тло, но сите се едногласни дека префрлање во понизок ранг би било преголема казна.
 
Истражувањата на УЕФА се однесуваат на периодот од 2012 до 2016 година. Иако нелегално стекнатите средства за трансфери имаат влијание и на подоцнежните сезони поради фактот што многу од купените играчи продолжуваат да играат во Сити, евентуалната казна во Англија можно е да се однесува само на тој период.
 
Сити беше шампион во 2012 и 2014, па постои варијанта овие титули да им бидат одземени. 
 
Но засега се се сведува на шпекулации и мислење каква санкција треба да добие Манчестер Сити во домашната лига, се уште нема ништо конкретно.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе