Преговорите за Македонецот беа долги и тешки

Клубови до последен момент се обидувале да го украдат Елмас, агентот откри зошто Елиф го одбрал Наполи

Агентот на Елиф Елмас откри дека неколку клубови до последен момент правеле напори да го ангажираат Македонецот, но желбата на играчот да игра под водство на Карло Анчелоти и во Лигата на шампионите била пресудна.

Елиф Елмас утрово пристигна во Рим на лекарски прегледи и до крајот на денот треба да стане ново засилување за Карло Анчелоти. Медиумите со недели шпекулираа за трансферот, но официјално сооппштение дојде дури доцна синоќа.

Агентот Џорџ Гарди, кој посредуваше при зделката и го донесе Елиф Елмас во Наполи за рекордни 19 милиони евра, сега откри дека други клубови до последен момент се обидувале да го ангажираат Македонецот.

„До последен момент неколку клубови се обидуваа да го украдат Елмас, но волјата на момчето да игра во Наполи беше пресудна. Зошто го одбра Сан Паоло за следна дестинација? Поради желбата да соработува со звучно тренерско име како Анчелоти и шансата да игра во Лигата на шампионите“ – вели Гарди во разговор со Тутомеркатовеб.

„Дека се работи за играч од голема вредност покажува фактот дека практично сите италијански клубови од горниот дел на табелата го сакаа. Дури и во странство имаше голем број на заинтересирани клубови, се работи за најголемите ширум Европа. Сега останува тој на теренот да покаже дека вреди“.

По Матајс де Лихт, Елиф Елмас е вториот играч од генерацијата 1999-та кој го одбра Калчото за следна дестинација.

„Мило ми е што Италија повторно станува атрактивна и ги привлекуваме најталентираните млади играчи. Верувам дека Елмас во Наполи ќе може да созрее и да стане еден од најдобрите во Европа“.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе