ФА Куп

Клуб од четвртата лига го шокираше Лидс, историски ден за Кроули Таун (ВИДЕО)

Кроули Таун кој настапува во четвртата англисика лига не само што го победи Лидс, туку буквално го понижи, тимот на Биелса е поразен со 3-0, Алиоски го одигра целиот меч. 

Лидс влезе како огромен фаворит против Кроули Таун, Биелса извади силен состав, но на теренот разликата во класи воопшто не се почувствува, напротив четвртолигашот беше подобар.
 
Лидс изгледаше немоќно, Кроули Таун беше сосема рамноправен, а во второто полувреме почна и да погодува, во 50 минута Цароула погоди за 1-0, противникот се уште беше во шок кога Надесан три минути подоцна зголеми на 2-0.
 
Јалови беа нападите на Лидс за израмнување, не им одеше, а по една грешка на одбраната Туниклиф ги постави конечните 3-0.
 
Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар, но и тој како и сите негови соиграчи се вклопи во сивилото.
 
За разлика од Лидс, Манчестер Сити и Челси не дозволија да бидат изненаден.
 
Манчестер Сити со 3-0 го победи Бирмингем, Бернардо Силва даде два гола, еден беше дело на Фоден.
 
Челси со 4-0 славеше над Морекамб, головите ги постигнаа Маунт, Вернер, Хадсон Одои и Хаверц.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе