Премиерлига

Клоп во пресрет на дербито: Челси ме потсетува на мојот Дортмунд

Викендов на програмата е големото дерби меѓу Челси и Ливерпул, а Јирген Клоп има убави зборови за противникот. 

Челси оваа сезона е значително подмладен, а главни играчи се младите фудбалери како Тами Абхарам, Мејсон Маунт, Фикајо Томори...
 
„Тоа е навистина возбудлив тим, ме потсетува на мојот тим во Дортмунд кога бевме навистина млади, можеби и уште помлади од овој тим на Челси“, вели Клоп.
 
„Луѓето секогаш зборуваа за тоа колку се млади, но тие играа само затоа што беа добри. Не играа затоа што беа млади“.
 
Натпреварот меѓу Челси и Ливерпул се игра во недела со почеток од 17:30 часот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе