Бразилецот оваа недела се пресели на позајмица во Баерн

Клоп сугерира дека сакал да го врати Кутињо во Ливерпул и додава: Можеби ќе звучи чудно, но немавме пари

Јирген Клоп откри зошто Ливерпул ова лето не се обидел да го врати Филипе Кутињо на Енфилд, вели дека не можеле да си дозволат една ваква зделка.

Бразилецот во јануари 2018 се пресели на Камп Ноу во трансфер вреден 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони во бонуси (до сега се активирани 15 милиони евра од бонусите), но не се снајде најдобро во дресот на Барселона и летово се бараше нов клуб за него.

Името на Филипе Кутињо се поврзуваше со неколку дестинации, за оваа недела тој да биде испратен на позајмица во Минхен за која Баерн ќе плати 8,5 милиони евра и во целост ќе ја покрие неговата годишна плата од 12 милиони евра.

Јирген Клоп сега го прокоментира трансферот, меѓу редови навести дека тој сакал да го врати плејмејкерот на Енфилд, но едноставно немале пари за реализирање на една ваква зделка.

„Можеби ќе звучи чудно, но не можевме да си го дозволиле, ги потрошивме парите кои ги добивме за него“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Одбивавме да им го продадеме на Барселона, но не примораа откако понудија многу пари“.

„Преселбата во Баерн е логична за двете страни. Фил е супер играч и супер момче. Тој е фудбалер од светска класа кој може да ја промени играта на позитивно. Можеби зделката не е добра за Дортмунд, но неговиот трансфер е одличен за Баерн и Бундеслигата“.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе