Ливерпул

Клоп: Сите играчи на Ливерпул ќе добијат медал, ако треба и мојот ќе им го дадам

Јирген Клоп вети дека сите членови на првиот состав на тимот ќе добијат медали без разлика дали имаат пет настапи како што е правилото на Премиерлигата. 

Според правилото на Премиерлигата, медал добиваат играчите кои имаат најмалку пет настапи во текот на сезоната. Но Клоп вети дека ќе го добијат и оние кои имаат помалку.
 
„Доколку сте одиграле еден натпревар треба да добиете медал, и доколку не сте одиграле меч треба да добиете медал. Не знам кој го измисли тоа дека се потребни пет натпревари за да добиете медал, но јас не мислам дека тоа е добро правило бидејќи луѓето не сфаќаат колку е важен целиот состав за освојување на првенството“, вели Клоп.
 
Тројцата тинејџери на Ливерпул, Харви Елиот, Неко Вилијамс и Куртис Џонс имаат по два меча. Тие важат за иднината на клубот и Клоп им вети медали иако рече дека не може да им дава настапи до крајот на сезоната за само да дојдат до пет.
 
„Овие момци 100% ќе добијат медал, дури и ако треба и јас ќе ги произведам. Може ќе им го дадам и мојот медал. Доколку се дел од составот заслужуваат медал, но не даваме настапи во Премиерлигата како божиќен подарок, не можеме да го правиме тоа“.
 
Иако постои правилото за пет медали, сепак Премиерлигата на клубот му дава 40 медали. Откако од нив ќе добијат играчите со најмалку пет настапи (во Ливерпул има 21 таков) останатите можат да бидат распределени по желба на клубот, меѓу членовите на составот и стручниот штаб. Тоа значи дека овие медали може да се дадат и на играчите кои немаат пет настапи.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе