Тренерот на Ливерпул вели дека новинарите се виновни

Клоп се чуди: Ако сега не му ја дадете „Златната топка“ на Левандовски, кога?

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Роберт Левандовски заслужил да ја добие „Златната топка", прстот го впери кон новинарите, кои гласаат во изборот на Франс Фудбал.

Лео Меси синоќа по седми пат ја подигна „Златната топка“, награда за најдобриот фудбалер во сезоната. Изборот предизвика голема дебата, многумина сметаат дека Роберт Левандовски заслужил да стигне до ова престижно признание.

„Новинарите гласаат, така? Тогаш не ме прашувајте мене, вие сте криви. Разговарајте со вашите колеги чим мислите дека требало да биде поинаку“ – одговори Јирген Клоп на прашањето дали е изненаден од лошото рангирање на Мо Салах и тоа што Роберт Левандовски повторно извиси.

„Секогаш можете да му ја дадете на Лео Меси поради неговата кариера, но доколку сега не му ја дадате „Златната топка“ на Роберто Левандовски, по таква сезона, тешко дека некогаш вооопшто ќе ја добие“.

„И да, Мохамед Салах дефинитивно требаше да биде некоја позиција погоре“.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе