Тренерот на Ливерпул испрати порака до своите играчи пред гостувањето на Олд Трафорд

Клоп сака да ја продлабочи кризата на Манчестер јунајтед и да го натера Солшер да зажали за кажаните зборови

Јирген Клоп бара добар резултат на Олд Трафорд, Германецот ги повика своите избраници да ја продлабочат кризата на Манчестер јунајтед и да го натераат Оле Гунар Солшер да зажали за кажаните зборови.

„Ѓаволите“ го имаат најлошиот старт во последните 30 години со 9 бода од 8 кола. Манчестер јунајтед е во резултатска криза а пред клубот од Олд Трафорд е дуел со лутиот ривал Ливерпул, кој е перфектен и има осум победи од осум натпревари. 

И покрај тоа што Ливерпул делува прилично силно, Оле Гунар Солшер истакна дека „црвените“ се перфектен противник и едвај го чека натпреварот. Јирген Клоп не се сложува со ваквата констатација и ги повика своите играчи да ја продлабочат кризата на Манчестер јунајтед. 

„Тие се подготвени, не чекаат. Рекоа дека сме им биле перфектен противник, да можете да гледате на работите така, но и не мора. Мислам дека нема многу тимови кои би сакале да играат против нас, и се чини дека во моментов Манчестер јунајтед е единствениот кој сака да се пресмета со нас, па треба да се погрижиме тие да зажалат“ - вели Германецот. 

„Манчестер јунајтед е во незгодна ситуација, сакат да ја променат, но ние треба да се погрижиме да почекаат уште една недела пред да им се вратат на победите“. 

Јирген Клоп исто така очекува Солшер да излезе со силен тим и покрај тоа што „ѓаволите“ имаат одредени проблеми со повредите. 

„Добро знам колку е силен Манчестер јунајтед и очекувам да излезат со најдобар можен состав. Пред неколку дена велеа дека Де Хеа и Погба нема шанси да играат, сега велат можби а утре сигурено ќе речат дека се подготвени. Марсијал ќе се врати... Ова се нормални работи кои се случуваат пред секое дерби, доволно сме искусни за да знаеме што не чека“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе