Германецот е фан на култниот филм, но не и неговите играчи

Клоп раскажа како мотивациониот говор од 10 минути испаднал фијаско: Речиси сите се чудеа кој е Роки Балбоа

Јирген Клоп се присети на една ситуација од 2011 година кога се обидел да ги мотивира играчите на Борусија Дортмунд пред гостување кај Баерн Минхен, мотивациониот говор од 10 минути се претворил во фијаско бидејќи речиси никој од фудбалерите не го гледале култниот филм со Роки Балбоа.

Оние кои повнимателно ја следат кариерата на Јирген Клоп знаат дека стратегот често црпи инспирација од филмот Роки. Во пост за „Д плејерс трибјун“, Германецот раскажа приказна од пред речиси десетина години кога беше на кормилото на Дортмунд.

За дербито против Баерн и жешкото гостување во Минхен, се решил да ги мотивира своите играчи со кадри од култниот филм со Силвестер Сталоне. Тој добро се подготвил, зборувал десетина минути за на крај да сфати дека речиси никој од фудбалер не го знае овој лик.

„Морам да започнам со една приказна која е малку засрамувачка. Мораме да се вратиме во 2011. Со Борусија Дортмунд требаше да гостуваме кај Баерн Минхен. Тоа беше огромен натпревар. Немавме победено во Минхен едно 20 години. Јас црпам голема мотивација од филмови, па кога треба да ги мотивирам момците секогаш на ум ми паѓа Роки Балбоа. Според мене, Роки 1, 2, 3 и 4 треба да се пушта во сите училишта ширум светот. Овој филм треба да се учи како што се учи азбуката. Доколку го гледате овој филм и не добиете желба да се искачите на врв на планина, тогаш нешто не е во ред со вас“ – вели Клоп.

„Па вечерта пред да играме со Баерн, ги собрав сите мои играчи во хотелот на средба. Момците седеа, светлата беа исклучени, и им кажав каква е реалноста, „Кога Дортмунд за последен пат победи во Минехен, повеќето од вас беа во пелени“. Потоа почнав да им пуштам кадри од Роки 4. Оној со Иван Драго. Права класика според мене. Драго трчаше на лента, беше поврзан на сите тие големи монитори и научници внимателно следеа сè. Им кажав на момците, „Гледате? Баерн Минхен е како Иван Драго. Најдобри во сè! Најдобрата технологија! Најдобрите машини! Незапирливи!“. Потоа го имате Роки како трениран на Сибир во една мала колиба. Цепе трупци, сече дрва, влече санка со товар низ снегот и трча до врвот на планината“.

„И им се обратив на играчите, „Гледате? Ова сме ние. Ние сме Роки. Да, ние сме мали. Но имаме пасија! Имаме срце на шампиони! Можеме да го сториме невозможното!!!!!“. Продолжив да зборувам, да зборувам и во еден момент, погледнав во момците да видам како тие реагираат. Очекував сите да бидат качени на столчињата, подготвени да трчаат низ планина во Сибир, да лудуваат“.

„Но сите седеа мирно, ме гледаа бледо, ме гледаа како теле во шарена врата. Си мислеа, за што зборува овој луд човек. Тогаш ми текна и си реков, „Почекај, кога излезе Роки 4, 1980 и некоја? Кога се родени овие момци?“. Па им кажав, „Нека кренат рака оние кои знаат кој е Роки Балбаоа“. Само двајца се пријавија, Себастијан Кел и Патрик Овомојела, сите останати беа, „Не, извини шефе“. Мојот цел говор беше бадијала!. Ова е најважниот меч во сезоната, за некои играчи можеби и најважниот во кариерата, а тренерот им зборува за технологија на Советскиот сојуз и Сибир во последните 10 минути! Хахахаха! Можете ли да поверувате во ова?“

„Мораше со говорот да почнам од нула. Понекогаш се случуваат вакви работи поради кои ќе бидете засрамени. Мислев дека ќе биде еден од најдобрите говори во историјата на фудбалот, а испадна дека тропам глупости“.

„Знаете што е најинтересниот дел од оваа приказна? Искрено не паметам дали победивме или загубивме. Прилично сум сигурен дека овој говор го дадов во 2011, и мислам дека потоа победивме со 3-1. Секако со ваков резултат целата приказна е далеку подобра, но не сум 100% сигурен дека победивме“.

„Токму ова се оние работи во фудбалот кои луѓето тешко ги разбираат. Некои резултати ги забораваш, или ги мешаш. Но таа група на момци, и тој период од животот, тие мали приказни... никогаш нема да ги заборавам“.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе