Поразот во Белград уште е интересен за англиските медиуми

Клоп: Престанате да ги споредувате Црвена звезда и Марибор

Ливерпул се подготвува за мечот против Фулам во Премиерлигата, но за англиските новинари поинтересен е поразот од Црвена звезда во Лигата на шампионите.

Ливерпул доживеа непријатен пораз на гостувањето во Белград, црвените очекуваа сигурни три бода, но загубија со 2-0 од Црвена звезда.
 
Англиските медиуми Црвена звезда ја споредуваат со Марибор со кој Ливерпул исто така играше во групна фаза и во Словенија победи со 7-0, а во Англија со 3-0. Но Клоп вели дека нема простор за споредба.
 
„Во вторникот доживеавме тежок удар кој не го очекувавме. Никој не очекуваше таков резултат во таква игра, но слични работи се случувале. Одигравме лош натпревар и во ниту еден момент не го игнориравме тој факт. Со должна почит, Црвена звезда не е Марибор од минатата сезона и престанете да ги споредувате тие два клуба. Звезда играше со тројца во последната линија и имаше таква, неверојатна атмосфера. Тоа беше комплетно различно од натпреварот на Енфилд“, вели Клоп.
 
„Сакам што побрзо да покажеме реакција по овој пораз. Генерално формата ни е добра, одигравме многу добри натпревари. Не сакам да се крева врева по овој пораз, бидејќи и не го славам големите победи по пет дена. Сеако дека можеме подобро, секогаш може подобро. Од стартот на сезоната одигравме два лоши натпревари против Наполи и Звезда. Нашиот фудбал беше успешен досега“.
 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе