Германецот не сака ништо да ризикува

Клоп потврди дека Ливерпул ќе ангажира нов голман и откри колку време ќе паузира Алисон

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека искусниот голман Енди Лонерган ќе добие краткорочен договор и откри дека Алисон Бекер ќе биде надвор од стројот барем неколку недели.

„Црвените“ имаат проблем на голманската позиција откако Алисон Бекер заработи повреда на листот на ногата на дуелот со Норич. Младиот Келехер е во финалната фаза од рехабилтацијата и тренира едвај пет дена, па новајлијата Адриан е единствената опција за Јирген Клоп.

Германецот не сака ништо да ризикува па ќе биде ангажиран искусниот Енди Лонерган, кој веќе беше дел од Ливерпул на подготовките за новата сезона.

„Ситуацијата беше прилично тешка пред неколку недели, но Келехер сега е во последниот дел од рехабилитацијата. Тренира пет дена, изгледа дека се ќе биде добро но мора да најдеме решение на краток рок. Па доколку не се случи чудо, Енди Лонерган ќе потпише“ – вели Јирген Клоп.

Што се однесува до повредата на Алисон Бекер и колку тој ќе биде надвор од стројот, тренерот на Ливерпул додава: „Очигледно е дека ќе биде надвор од стројот одреден период. Не сакам да говорам за точна прогноза, знам само дека во среда дефинитивно нема да игра. За понатаму ќе видиме. Ќе му треба време, сигурно две недели. Читав дека медиумите пишуваа за шест недели или нешто слично, но Алисон немал многу проблеми во кариерата. Па треба да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите, но мислам дека ќе бидат неколку недели“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе