Германецот со интересен одговор

Клоп по победата над Порто беше запрашан како ќе го сопре Меси: Му благодарам на Бог што...

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека никој до сега не нашол лек за Лео Меси, но додава дека тие ќе се обидат да ја соправат првата ѕвезда на Барселона.

„Црвените“ закажаа пресметка со Барселона откако синоќа го добија и реваншот со Порто, на Драгао, Ливерпул забелжа нова победа од 1-4.

Па по крајот на мечот, Јирген Клоп доби неколку прашања за дуелот со „каталонците“ и дали има план како да го сопре Лео Меси.

„Ова ќе биде мојата прва вистинска пресметка со Барселона, па со нетрпение ја очекувам“ – вели Германецот.

„Му благодарам на Бог што вечерва не треба да мислам на тоа како да го сопрам Лео Меси. За среќа имаме две недели да се подготвиме. Никој до сега не нашол лек за него, но ќе се обидеме“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе