„Старата дама“ е прв фаворит во ЛШ според Германецот

Клоп: Никогаш не сум видел состав каков тој на Јувентус, тоа е лудост, ме чуди што немаат 10 бода предност во Серија А

Јирген Клоп се чуди како Јувентус нема 10 бода предност на врвот на табелата во Италија, вели дека никогаш не видел толку широк состав како оној на „старата дама" и затоа пред почетокот на сезоанта ги сметал за главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Во пресрет на почетокот на нок-аут фазата во Лигата на шампионите, Германецот во разговор со Гардијан ги посочи клубовите со најголема шанса за триумф во најелитното европско натпреварување.

„Јувентус беше мој фаворит пред почетокот на сезоната, но очигледно не гледам доволно Серија А бидејќи не ми е јасно како немаат 10 бода предност на врвот на табелата. Тие го имаат најширокиот состав кој сум го видел, многу квалитетни играчи, тоа е лудост“ – вели тренерот на Ливерпул.

„Баерн Минхен исто така има огромен состав, а и ПСЖ има неверојатен состав кога сите се здрави и подготвени за настап. Никогаш не можете да ја отпишете Барселона, а да не го заборавиме и Манчестер Сити, сега Лигата на шампионите ќе им биде главна цел“.

„Што се однесува до нас, немам идеја колку далеку ќе стигнеме, но нема потреба да мислиме на ова, треба да одиме чекор по чекор и сега целиот фокус да ни биде на дуелот со Атлетико во вторник“.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе