Ливерпул

Клоп незадоволен: Сити забележа три порази, но луѓето ги гледаат нашите нерешени резултати

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не се согласува со забелешките дека неговиот тим не е убедлив во последно време, што резултира со враќање на врвот на Манчестер Сити.

Сепак, „црвените“ се со меч помалку и ќе се соочат со Борнмут утре (сабота), со шанса повторно да застана на чело на Премиер лигата.

– Оваа сезона, Сити изгуби 12 поени, додека ние 7. Во еден момент тие запишаа три порази, а ние сега одигравме два пати нерешени, но луѓето гледаат поинаку на тоа, вели Германецот, откако очекува дека неговиот тим ќе станува подобар, а уште утре има шанса да го покаже тоа.

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд прокоментира и за повредените фудбалери.

– Џо Гомез ќе биде подготвен за 4-6 недели, Трент Александар-Арнолд ќе биде на линија за четвртфиналето во Лигата на шампионите, ако го елиминираме Баерн (Минхен), Џордан Хендерсон тренираше нормално уште вчера, а Жоржињо Вајналдум, исто така, се подготвува целосно, заврши тренерот на„црвените“.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе