Ливерпул

Клоп: Нема да плачеме ако не играме во Лигата на шампионите

Јирген Клоп се уште се надева дека Ливерпул на крајот ќе заврши на позициите кои водат во Лигата на шампионите, но вели дека нема да биде крај на светот и ако не успеат.

Ливерпул има уште пет меча до крајот на сезоната во Премиерлигата, според изгледот на табелата, тимот на Клоп ќе мора да ги победи сите тие дуели и да се надева на кикс на оние пред нив за да се пласира во Лигата на шампионите. Мисијата е тешка.

„Не сме деца во продавница за бонбони кои не добиваат бонбони“, вели Клоп.

„Ние сме одговорни за ситуацијата и никој нема да гледа Лига на шампиони следната сезона, да лежи пред телевизорот и да плаче затоа што ние не сме таму“.

„Ако некој има проблем со тоа, се надевам дека ќе забележам и рано ќе ја решам ситуациијата. Прилично сум сигурен дека ќе го препознаам тоа рано“.

„Се уште имаме шанси за Лигата на шампионите и треба да се фокусираме на тоа“.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе