Му ја препушти фаворитската улога на Реал

Клоп: Не ми е срам да кажам дека Зидан е подобар тренер, неговите фудбалери се како швајцарски часовник

Јирген Клоп упати многу пофални зборови на адреса на Зинедин Зидан и Реал Мадрид во пресрет на финалето во Киев, но порача дека големите победи се дел од ДНК-та на Ливерпул

Во пресрет на завршницата од Лигата на шампионите, Јирген Клоп одржа прес конференција во престолнината на Украина. Јирген Клоп во свој стил директно одговараше на прашањата и упати еден куп пофалби за противникот.

„Реал Мадрид е фаворит и не е тешко тоа да се види. Ние сме многу добри, но Реал е елитен тим. Сепак во фудбалот сè може да се случи. Во одреден ден можете да го победите било кој противник. Од десет меча против Реал Мадрид можеби ќе изгубиме на девет, но не ме интересираат овие, ме интересира тој еден на кој можеме да победиме” – вели менаџерот на Ливерпул.

„Ова е голем предизивк за играчите, за мене, за сите. Мораме да одиграме солидно во одбрана, течно во транзиција и да уживаме во натпреварот. Ова е огромен меч”.

Запрашан кого би одбрал доколку треба да бира помеѓу него и Зидан и што вели за критиките дека Французинот нема памет за тактики, Германецот одговори: „Секогаш би го одбрал Зидан. Тој беше подобар играч а сега е и подобар тренер. Не ми е срам да го кажам ова. Што се однесува до тактиките, истото го велеа и за мене, па навистина смешно е тоа што во финалето има двајца тренери кои немаат поим од тактика, нели? Што тоа говори за фудбалот?“

„Зидан за мене е еден од најдобрите пет фудбалери на сите времиња. Сега е на прагот да ја освои Лигата на шампионите по трет пат во низа, нешто што никогаш не се случило. Како тренер е брилијатен, исто како и кога беше играч. Неговите фудбалери работат како швајцарски часовник. Играат фантастичен фудбал. Тимот е организиран кога тоа е потребно, но знаат да бидат и хаотични доколку тоа е потребно. Зидан е борец, кога сте родени во Марсеј мората да бидете борец. Беше борец и како играч, но тешко можеше тоа да се забележи бидејќи беше супериорерн... Пред некој ден кога го прашаа дали се уште е гладен за успех можев по изразот на лецето да приметам колку беше бесен”.

Запрашан каква разлика прави тоа што Реал Мадрид има поголемо искуство, Клоп вели: „Од каде да знам, никогаш не сум играл две финалиња во низа! Сигурен сум дека тие ќе бидат посмирени во секундите пред почетокот, но натпреварот не трае секунди. Реал е силен, но не играл против нас. Ние сме Ливерпул, клубот во својта ДНК има големи победи. Тука сме бидејќи заслуживме, постигнавме повеќе погодоци од сите други и забележавме одлични резултати како на Енфилд така и на гостувањата. Искуството е важно, но не секогаш ви помага. Треба што е можно повеќе да им го закомликуваме животот. Тактиката е тука за да се редуцира квалитетот на противникот и тогаш можете да стигнете до победа”.

Храбрите лидери можат да успеат со порака за надеж, отвореност и инклузивност и со промовирање на визија за напредок заснована на веродостојни реформи.

повеќе

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот... Само идентитетот ќе ви го нема.

повеќе

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, доколку биде ратификуван, ќе влезе во аналите на историјата на дипломатијата.

повеќе