На располагање имаат стотина милиони

Клоп не брза со носење замена за Кутињо: Нема да правиме луди работи, тоа мора да биде прав играч а не скап

Јирген Клоп проговори за заминувањето на Филипе Кутињо, вели дека Ливерпул немал друга опција освен да го продаде и додава дека нема да избрзаат со носење на замена за Бразилецот

Менаџерот на Ливерпул попладнево се појави пред медиумите во пресрет на дербито со Манчестер Сити но „Граѓаните“ беа во втор план и прашањата за Филипе Кутињо беа она што ги интересираше новинарите.

Бразилецот оваа недела го комплетираше трансферот во Барселона вреден 160 милиони евра.

Запрашан како тие ќе го заменат Филипе Кутињо, Јирген Клоп вели: „Ако правиме нешто, тоа мора да биде права одлука. Во моментов е поважно да истапиме. Игравме одличен фудбал и без Фил. Не сакам да покажам непочитување кон него, беше пет години дел од овој клуб, но и без него во составот имавме добри партии, а знаевме да одиграме лоши и со него во тимот“.

„Најпрво треба да се обидеме да го замениме со некој од играчите кои веќе ги имаме, потоа ќе погледнеме на трансфер пазарот, но нема да правиме луди работи. Тоа мора да биде прав играч а не скап“.

Филипе Кутињо беше желба на „Каталонците“ уште минатото лето, но тогаш Ливерпул не сакаше да слушне за продажба. Сепак, „Црвените“ го омекнаа ставот овој месец и Јирген Клоп сега објасни зошто се решиле на еден ваков чекор.

„Немаше друга опција. Одговорот е прилично лесен”.

„Не знам точно какви се реакциите, но доколку некој треба да е гневен и разочаран, тоа е менаџерот на клубот. И јас не сум ниту лут ниту разочаран”.

„Знам дека Ливерпул стори се што можеше за да го убеди Фил да остане. Ова беше неговиот сон, имаше само еден клуб поради кој може да замине и тоа е Барселона. Па има момен кога морате да го прифатите тоа”.

„Знаев дека ќе пристигне нова понуда овој месец и токму тоа се случи. Да, можевме да му кажевме имаш договор и мораш да останеш, но ќе беше многу тешко да го употребиме во вториот дел од сезоната”.

„Треба да се запрашате, дали има логика, дали би можеле да го употребиме, дали тој би можел да ни помогне? Одговорот е јасен, нема шанси. Тој повеќе не сакаше да игра”.

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе