На Германецот нема да му пречи фудбал без фанови

Клоп: Можеби сум чуден, но мечевите на ТВ ги гледам без звук

Јирген Клоп открива дека фудбалските натпревари на телевизија ги гледа без звук, па нема да му пречи тоа што на терените нема да ја има бучавата од навивачите. 

EPA-EFE/PETER POWELL
Многумина не сакаат да играат на празни стадиони во тивка атмосфера каде што се слушаат само извиците на фудбалерите и тренерите. Но Јирген Клоп не е еден од нив.
 
„Во овој дел јас сум чудна личност. Кога гледам фудбал, други натпревари не нашите, најчесто ги гледам без звук бидејќи не сакам да ги слушам коментарите, заинтересиран сум само за натпреварот. Не ми е проблем тоа што на натпреварите ќе биде тивко“, вели Клоп.
 
„Знам дека фудбалот зад затворени врати не е ист. Но зошто да го споменуваме тоа постојано?“.
 
„Сите сакаме кога има контакт, кога сме бодрени од навивачите, кога тие не носат со нивното навивање. Сите го сакаме тоа но не можеме да го имаме“.
 
„Зошто да мислиме на нешто кое не можеме да го имаме во моментов? Треба да ги користиме работите кои ги имаме во моментов“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/PETER POWELL

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе