Германецот и првотимците одат на одмор

Клоп ја крена на нозе англиската јавност: Против Шрусбери ќе играме со деца и јас нема да бидам на клупата!

Јирген Клоп ја разбранува фудбалската јавност на „островото" откако соопшти дека тој нема да биде на клупата за реваншот со Шрусбери во ФА купот а Ливерпул на теренот ќе истрча со деца.

„Црвените“ синоќа испуштија предност од два гола на гостувањето кај Шрусбери во 4. коло од ФА купот, третолигашот херојски се избори за 2-2 и реванш на Енфилд кој треба да се игра на 4. февруари.

Ова преставува проблем за Ливерпул бидејќи тогаш е зимската пауза која за прв пат оваа сезона ја има во Премиерлигата. Па Јирген Клоп порача дека тој нема да биде на клупата за реваншот, првотимците ќе одмараат и на теренот ќе истрчаат деца.

„Видете, минатиот април добивме писмо од Премиерлигата во кое беше побарано од нас да ја почитуваме зимската пауза (во февруари) и да не договораме никакви натпревари, ниту пријателски, ниту контролни, ништо. И ние го испочитувавме ова. Па затоа за две недели, ние ќе бидеме на зимска пауза и децата ќе играат против Шрусбери на Енфилд. Таква е ситуацијата. Премиерлигата побара од нас да ја почитуваме зимската пауза и ние го сторивме тоа. Чим ФА не сака да ја почитува, тоа е нивен проблем. Ние нема да се појавиме, ќе бидеме на одмор. Дали ова значи дека јас нема да бидам на клупата? Секако, Нил Кричли ќе биде главен“ – порача Германецот.

Нил Кричли веќе еднаш го менуваше Клоп и предводеше тим на Ливерпул составен од деца против Астон Вила во Лига купот додека Германецот и првиот тим беа во Катар на Светското клупско првенство.

„Интернационалци како Џордан Хендерсон, Вирџил ван Дајк, Џини Вајналдум, Трент Александер Арнолд, Мо Салах, Садио Мане и некои други, никогаш немаат одмор. На момците уште пред две недели им кажав дека ќе имаат зимска пауза. Мораме да внимаваме и на нивното здравје. Потребен им е одмор, како физички така и психички“.

Ваквите изјави ја разбрануваа англиската јавност, особено онои кои се големи поборници на традицијата. Тие бараат Германецот и Ливерпул да бидат казнети поради тоа што покажуваат непочитување кон најстарот фудбалско натпреварување.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе