Навистина добро засилување за Пеп и Сити

Клоп: Халанд во Сити само ќе треба да стои на втората статива и ќе се „убие“ од давање голови

Јирген Клоп вели дека Ерлинг Халанд е одлично засилување за Манчестер Сити и предвидува дека напаѓачот ќе постигне многу лесни голови благодарејќи на стилот на игра кој го негуваат „граѓаните".

Манчестер Сити вчера го потврди ангажманот на Ерлинг Халанд, „граѓаните“ завршија одлична работа на трансфер пазарот и за само 60 милиони евра стигнаа до перспективниот напаѓач пред Реал Мадрид, Барселона и Баерн Минхен.

По победата над Астон Вила, Јирген Клоп даде свое видување за зделката, тренерот на Ливерпул предвидува дека напаѓачот ќе постигне многу лесни голови благодарејќи на стилот на игра кој го негува Пеп Гвардиола.

„Тој е навистина добар фудбалер но Сити никогаш не бил, и нема да биде тим кој победува благодарејќи на еден фудбалер. Тие имаат одреден стил на игра“ – вели Германецот.

„Ерлинг за кратко време ќе разбере дека ќе се „убие“ од давање голови само со стоење на втората статива, каде ќе треба само да пружи нога. Ќе ужива во ова“.

„Халанд е ѕвер. Да, беше повреден неколку пати во Борусија Дортмунд, но кога е фит, тој е прав ѕвер“.

„За жал, ова е навистина добро засилување за Сити“.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе