Премиерлига

Клоп го собори големото постигнување на Гвардиола, Ливерпул го победи Тотнем за нова историја! (ВИДЕО)

Ливерпул славеше со 0-1 на гостувањето кај Тотнем, со оваа победа, Јирген Клоп го собори големото постигнување на Пеп Гвардиола а „црвените" испишаа нова историја.

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ги помести границите во Премиерлигата, но денеска Јирген Клоп успеа да надмине едно големо постигнување на Шпанецот откако Ливерпул со 0-1 го доби дербито со Тотнем.

Фирмино во првиот дел ја затресе мрежата на „спарси“, домаќините имаа две големи шанси преку Сон и Ло Селсо во прдолжението, но Алисон не беше совладан и„црвените’ на крајот запишаа нова побада.

Па Ливерпул стана првиот тим во историјата кој по 21 натпревар има 20 победи. Манчестер Сити на Пеп Гвардиола во сезоната 2017/18 имаше 59 бодови во овој дел од сезоната, а Ливерпул сега има 61 бод.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе