Ливерпул

Клоп ги замоли фановите: Кога ќе дојде време ќе го обоиме градот во црвено, а сега останете дома

Јирген Клоп ги замоли фановите на Ливерпул да не прават групни собири како што беше тоа на денот кога ја заверија титулата, тој им вети дека заедно ќе прослават кога ќе има услови за тоа. 

Ноќта кога Ливерпул ја завери титулата, илијадници фанови се собраа пред Енфилд, дел од нив имаа и дуели со полицијата, а 15 лица беа уапсени.
 
Собирот на навивачите беше осуден од властите и дел од општеството, па Клоп преку отворено писмо им порача да не го прават повеќе тоа бидејќи се стравува од собири кога Ливерпул ќе игра на домашен терен.
 
„И јас сум човек како и вас и јас ја имам истата пасија како и вас, но во моментов најважно е да не правиме јавни собири. Им го должиме тоа на најранливите во нашата заедница, на здравствените работници кои даваа премногу и на кои им аплаудиравме, и на полицијата и локалните авторитети кои ни помагаат“, вели Клоп.
 
„Ве молам, славете, но славете на безбеден начин, во приватни услови, да не ризикуваме дополнително да ја рашириме оваа ужасна зараза низ нашата заедница. Си го должиме тоа себеси и да направиме тоа што е исправно во моментов. А кога ќе биде вистинско време ќе прославиме. Ќе го одбележиме овој момент и ќе го обоиме градот во црвено. Но сега ве молам останете дома“.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе