Германецот бара да се променат две работи во Премиерлигата

Клоп ги брани високите плати на фудбалерите: Има многу актери, но не може секој да го глуми Џејмс Бонд!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш повика да се направи промена на густиот распоред и да се врати правилото за пет замени, Германецот исто така даде интересен коментар за високите плати на играчите.

Пандемијата на ковид-19 и тоа што минатата сезона заврши дури во август месец придонесе оваа сезона да има многу згуснат распоред. Често се игра на секои три дена, а покрај клупските обврски, фудбалерите имаат и репрезентативни, па тешко се доаѓа до одмор.

Тоа придонесува за чести повреди, и се чини дека Ливерпул е еден од клубовите кои се најпогодени, „црвените“ практично до крајот на сезоната ќе играат без Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, дуото од централниот дел на одбраната.

„Ми се чини дека целиот свет се промени но две работи останаа исти, распоредот во Премиерлигата и правилото за три измени“ – вели Јирген Клоп во интервју за Дејли Мејл.

„Мораме да разговараме за овие две работи, мораме да седнеме на маса со ТВ куќите. Луѓето очигледно не ги разбираат фудбалерите. Луѓето велат, „Ох, па фудбалерите заработуваат многу пари“. Не се работи за тоа. Да, точно е дека заработуваат многу пари, но заработуваат бидејќи се специјални“.

„Има многу актери, има актери кои се брилијантни, но никогаш нема да го глумат Џејмс Бонд. А кога го глумите Џејмс Бонд, заработувате повеќе од другите“.

„Исто е и во фудбалот. Многу луѓе играат фудбал, но само најдобрите заработуваат многу. Но тоа не ги прави отпорни на секојдневниот живот“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе