Германецот во ниту еден момент не помислил за заминување од Енфилд

Клоп добил понуда да се врати во Дортмунд па им порачал: Дали сте луди или пијани?

„Милионерите" во 2018 имале амбициозен обид да го вратат Јирген Клоп на Сигнал Идуна Парк, сепак стратегот не сакал да слушне за заминување од Ливерпул.

Јирген Клоп помина седум години на кормилото на „милионерите“ и го врати клубот при врвот во Германија и Европа. Тој освои две титули со Борусија Дортмунд во Бундеслигата, а играше и финале во Лигата на шампионите.

Лидерите на клубот од Сигнал Идуна Парк знаат најдобро за што е способен стратегот, па кога во 2018 започнуваа нов проект, му понудиле да се врати.

Генералниот извршен директор, Ханс Јоаким Вацке во својата нова книга откри дека никогаш немал да си прости доколку не му се јави на Јирген Клоп и покрај тоа што знаел дека е практично невозможно да добие позитивен одговор.

„Знаев дека Јирген ќе ме одбие, дека ќе го испочитува договорот со Ливерпул, но кога сакате да тргнете во нов правец, да поставиме некои нови темели во Дортмунд, морав да го прашам Клоп дали може да замисли едно вакво нешто. Не очекував дека ќе добијам позитивен одговор, но никогаш немаше да си простам доколку не го прашав“ – пишува Вацке.

Тренерот на Ливерпул ја раскажа својата страна од приказната и октри како реагирал на понудата.

„Бев во авион и во еден момент ми заѕвоне телефонот. Аке беше на другата страна и ми рече, „Јирген, мораш да се вратиш“. Се смеев, мислев дека се шегува. Кога сфатив дека е сериозен му кажав, „Дали си луд или пијан? Како може на ум да ти падне ова! Имам уште неколку години од договорот со Ливерпул““ – објаснува Германецот.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе