Тренерот на Ливерпул не верува на зборовите на својот колега од Сити

Kлоп: Добар блеф на Гвардиола, треба да игра покер!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не верува дека Манчестер Сити со втор тим ќе му се спротивстави на Челси, вели дека Пеп Гвардиола блефирал кога кажал дека размислува да им даде шанса на резервите.

Граѓаните“ немаат шанси во трката за титлата, место во Лигата на шампиони практично им е обезбедно (доколку успејат со жалбата пред Судот за спортска арбитража), па Пеп Гвардиола навести дека приоритет ќе бидат ФА Купот и Лигата на шампиони.

Во недела, Манчестер Сити гостува кај Њукасл во четвртфиналето од ФА Купот и Шпанецот навести дека e можно против Челси (денеска) да настапи со втор тим.

„Не можам да негирам дека веќе мислиме на дуелот со Њукасл. Пресметката со Челси е престижна, но дуелот со Њукасл е како финале. Изборот на тимот ќе зависи од физичката состојба на играчите. Во предвид ќе ги земеме и натпреварите што следуваат потоа, не само мечот со Челси“ – вели Пеп Гвардиола.

Доколку Манчестер Сити вечер не го победи Челси, Ливерпул е нов шампион на Англија, но Јирген Клоп смета дека Пеп Гвардиола само блефира.

„Што? Навистина го кажал тоа? Гвардиола треба да игра покер“ – вели Германецот.

„Видете, имам огромна почит за нив. Многу ми се допаѓа фудбалот кој го играат. Ние не можеме да играме така, ние сме поразлични, мораме да бидеме поразлични. Не можеме да бидеме како Манчестер Сити“.

Запрашан дали ќе ја гледа пресметката на Стемфорд Бриџ, тренерот на Ливерпул вели: „Не знам. Последниот го гледав до 3-0 а потоа си реков „Џабе си го губам времето“. Веројатно ќе го гледам, но не за да видам дали сме шампиони, туку за да се подготвам бидејќи наш следен противник е Манчестер Сити“.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе