Германецот си ги кажа желбите за иднината

Клоп: Би сакал да бидам селектор на Германија, па тренер на Баерн, па да се вратам во Дортмунд и на крај во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека нема планови за иднината, може да се врати во родната Германија за некоја година но и да стави крај на кариерата.

Јирген Клоп во октомври 2015 седна на жешкото столче на Енфилд и со својата харизма брзо ги освои симпатиите на навивачите на Ливерпул но и на неутралните фудбалски вљубеници.

Германецот се вивна во височините кога пред неколку месеци на Ливерпул му ја донесе титулата од Лигата на шампионите, а „црвените“ беа инволвирани и во жестока битка со Манчестер Сити до последното коло за трофејот од Премиерлигата.

Тој е под договор до 2022, па во разговор со Билд беше запрашан за неговиот следен чекор во кариерата, дали би можел да стане селектор на Германија, да го превзеде кормилото на Баерн Минхен или пак да се врати во Борусија Дортмунд.

„Ми се допаѓа редоследот. Би сакал најпрво да бидам селекторот на Германија, потоа да го превземам Баерн, па да се вратам во Дортмунд, па во Ливерпул до крајот на животот“ – вели Јирген Клоп.

„Немам идеа каква ќе биде мојата иднина, навистина не знам. Се надевам дека во следните две или три години ќе продолжам во ист стил. Потоа ќе одлучам што понатаму“.

„Би можел и да се повлечам. Се е можно. Ова го кажувам за да не се изненадите кога ќе се случи тоа“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе