Тренерот на Ливерпул разочаран од одлуката на ВАР

Клоп бара објаснување за контроверзниот крај на Мерсисајд дербито: Сите ми велат дека немало офсајд! (ФОТО)

Јирген Клоп вели дека од сликата што тој ја видел нема офзајд при голот на Џордан Хендерсон па бара објаснување зошто Ливерпул остана без два бода на гостувањето кај Евертон.

Евертон и Ливерпул одиграа возбудлив меч кој заврши без победник. Но во финишот имаше контроверзен момент. Џордан Хендерсон во судиското надополнување погоди за водство од 2-3, но голот беше поништен со помош на ВАР поради офсајд на Садио Мане на зачетокот од акцијата.

Од повторените снимки тешко е да се каже дека Сенегалецот беше во недозволена ситуација, или ако веќе ја имало, се работи за милиметарски офсајд.

„Ја погледнав сликата, но извинете, јас не видов офсајд. Некој ќе треба да ми објасни зошто голот на Џордан Хендерсон е поништен“ – рече Јирген Клоп по натпреварот за БТ.

На прес конференцијата, тој додаде: „Кога влегов во соблекувалната, сите гледаа во лаптопот и ги прашав што се случува. Ми рекоа дека го гледаат спорниот момент и не разбираат зошто беше досуден офсајд“.

„Видете, јас сум голем поддржувач на ВАР. Против Астон Вила минатата сезона ни досудија офсајд бидејќи играчот со пазувите бил во недозволена ситуација... Звучи смешно, но се помиривме. Сега, и јас ја видов сликата на лаптопот, нема офасајд ситуација поради пазувите, нема никаков офсајд... Дадов десет интервјуа и сите ми велат дека немало офсајд, но немам големо фајде од тоа“.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе