„Црвените“ нема да му прават многу проблеми на стратегот

Kлаузула во договорот му овозможува на Клоп да го напушти Ливерпул под еден услов

Медиумите од „островото" пишуваат за клаузула во новиот договор на Јирген Клоп со која стратегот лесно ќе може да замине од Енфилд, услов е да добие понуда за враќање во Германија.

На средината од декември, Јирген Клоп ја продолжи верноста кон Ливерпул и стави потпис на договор со трајност до 2024 година. Но Индипендент пишува дека стратегот може и порана до го напушти Енфилд.

Наводно во неговиот договор има клаузула според која „црвените“ нема да му прават многу проблеми и ќе му дозволи лесно да замине. Услов за ова е Јирген Клоп да добие понуда за враќање во Германија.

Во минатото често се споменуваше дека тој е желба на Баерн Минхен, а како опција се посочува и кормилото на репрезентацијата на Германија.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе