За Германецот нема место на списокот за Премиерлигата

Клати врата – земај плата: Озил до Нова година нема да игра фудбал а секоја недела ќе добива 350.000 фунти!

За фудбалерот со најголеми примања во историјата на Арсенал нема место нѐ списокот од 25 играчи пријавени за настап во Премиерлигата, Месут Озил нема да одигра ниту една минута до Нова година а секоја недела ќе добива 350.000 фунти.

По завршувањето на домашниот преоден рок, клубовите од Премиерлигата беа должни да достават список од 25 играчи кои ќе имаат право за настап до Нова година, односно до почетокот на зимскиот преоден рок, кога има можност да се промени списокот.

Арсенал реши од списокот да го изостави Месут Озил, фудбалерот со најголеми примања во историјата на клубот.

Поради тоа што го нема во списокот за Премиерлигата, Германецот нема да може да игра ниту во Лига Купот, претходно беше изоставен и од составот за Лига Европа, па тоа значи дека нема да го облече дресот до крајот на годината а секоја недела ќе добива плата од 350.000 фунти.

Ваквиот потег на „топчиите“ можеби делува како лудост, но до некаде беше и очекуван, Месут Озил нема одиграно ниту една минута од март месец.

Арсенал сега ќе се обиде да го продаде играчот во јануари, и да ги заштеди последните шесет месеци од договорот.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе