Поранешниот судија одлепил

Клатенбург раскажа за денот кога со копачка го гаѓал Мурињо: Остана стаписан, не знаеше што да ми каже

Поранешниот судија Марк Клатенбург во својата автобиографија раскажува за еден инцидент со Жозе Мурињо, бил толку многу изнервиран од однесувањето на „специјалниот" па фрлил копачка во правец на Португалецот.

Марк Клатенбург важеше за еден од најдобрите судии во Премиерлигата и Европа, но и тој честопати бил критикуван од тренерите и играчите, кои се жалеле од неговите одлуки.

Во својата автобиографија, Марк Клатенбург раскажува за еден инцидент со Жозе Мурињо од јануари 2017. Манчестер јунајтед одиграл само 1-1 на гостувањето против Стоук, па по крајот на натпреварот, „специјалниот“ влегол во соблекувалната на судиите да се жали за недосуден пенал.

Марк Клатенбург толку многу се изнервирал од однесувањето на Жозе Мурињо па фрлил копачка во правец на Португалецот.

„Не прикинуваше, продолжуваше да зборува, да зборува... Му реков, „Замолчи човеку“. Потоа ја земав копачката и ја фрлив, заврши во ѕидот до него. Му реков, „Излегувај од мојата соблекувална, излегувај!“. Мурињо се стаписа бидејќи јас одлепив, не ми беше гајле за ништо. Не знаеше што да ми каже. Ми дојде преку глава од сите тие глупави психолошки игри“ – вели Марк Клатенбург, кој додава дека по овој инцидент почнал да размислува за крај на кариерата.

„Одлуката што ја донесов беше исправна, на повторените снимки убаво се гледа дека нема пенал. Таа вечер кога си легнав, ми беше јасно дека ми е доста од се, си помислив, „Повеќе не можам да се замарам со вакви идиоти““.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе