Не гледа логика во контроверзниот трансфер од 2017

Кјелини го „подбра“ и својот партнер од одбраната: Бонучи направи голема грешка што отиде во таков Милан!

Џорџо Кјелини смета дека Леонардо Бонучи направил голема грешка кога пред три години го напушти Јувентус и се пресели во Милан, вели дека потегот на дефанзивецот бил нелогичен.

Леонардо Бонучи во 2017 направи изненадувачки трансфер, реши да го напушти шампионскиот тим на Јувентус и да се пресели во Милан, кој стартуваше нов проект и градеше тим за висок дострел.

Потегот сепак се покажа како промашување, дефанзивецот само 12 месеци се задржа на Сан Сиро и веќе следната сезона се врати во Торино.

Џорџо Кјелини смета дека Леонардо Бонучи направил голема грешка, вели дека немало логика во преселбата на Сан Сиро и додава дека ќе го разберел својот партнер од одбраната доколку го одберел Рел Мадрид.

„Одлуката да се пресели во Милан очигледно беше погрешна, очигледно не размислуваше најтрезвено, во тие моменти беше под притисок од сите страни. Жал ми е што трансферот се случи во период кога не се гледавме. Да се случеше во друго време, сигурен сум дека ќе успеев да го убедам да остане. Така беше и со Конте во јули 2014, секогаш заминуваат кога не сум таму“ – пишува во својата книга Џорџо Кјелини.

„Во неговиот потег немаше логика. Ќе го разберев доколку го одбереше Реал Мадрид, но да оди во таков Милан? Среќа судбината замеша прсти, па работите се вратија на место“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе