Смета дека капитенот на Реал добро знаел што прави

Кјелини вели дека Рамос е најдобриот дефанзивец и порачува: Тоа што му го направи на Салах е ремек-дело

Според Џорџо Кјелини, Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот, и вели дека потегот да го повреди Салах во финалето од Лигата на шампионите е ремек-дело.

За контроверзен беше оценет стартот на Серхио Рамос врз Мохамед Салах рано во финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2017/18, кое го доби Реал Мадрид со 3-1. Ливерпул остана без клучниот играч, а кралскиот клуб стигна прилично лесно до трофејот.

„Рамос е најдобриот дефанзивец во светот“, вели Кјелини во автобиографијата.

„Некои велат дека е импулсивен, дека не е тактичен, дека 8-10 голови во сезоната се примаат поради негови грешки, дека е голем техничар, дека требало да биде напаѓач, но јас мислам поинаку од тие“.

„Тој има две карактеристики кои речиси никој ги нема. Знае како да одлучи големи натпревари со интервенции кои се надвор од секоја логика, дури има случаеви кога повредувал некој“.

„Тоа што му го направи на Салах во финалето на Лигата на шампионите во 2018 беше ремек-дело. Тој постојано велеше дека не било намерно но знае дека при таков пад, кога не го пушта противникот, сигурно ќе му ја скрши раката во девет од десет обиди“.

Џорџо Кјелини исто така смета дека без Серхио Рамос на теренот, останатите дефанзивци на Реал изгледаат како мали деца, и како пример го посочи реваншот против Ајакс, кога клубот од Амстердам го шокираше фаворитот среде Бернабеу.

„Силата која ја пренесува со самото присуство на теренот е неверојатна. Без Рамос на теренот, шампиони како Варан, Карвахал и Марсело изгледаат како мали деца. Без Рамос, Реал станува тим кој нема одбрана . Со него на Бернабеу, Реал немаше да претрпи таков пораз со три гола од Ајакс. Можам да се обложам во тоа“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе