Проблеми за Јуве и Пирло пред големото дерби во ЛШ

Кјелини и Де Лихт нема да играат против Барса, Роналдо вечер ќе ги добие резултатите, за Бонучи ќе се знае утре

Андреа Пирло вели дека Џорџо Кјелини нема да настапи против Барселона, Леонардо Бонучи има шанси иако не е 100% подготвен додека пак вечер ќе пристигнат резултатите од тестот на Кристијано Роналдо.

Тренерот на Јувентус денеска се појави на прес конференција пред утрешното големо дерби со Барселона и откри каква е здавствената ситуaција. Џорџо Кјелини поради повреда нема да игра, Леонардо Бонучи има шанси иако не е 100% подготвен и утре ќе биде донесена дефинитивна одлука, додека пак Кристијано Роналдо вечер ќе ги добие резултатите од коронавирус тестот.

Матајс де Лихт исто така не е во комбинација, Холанѓанецот тренира недела дена, но лекарскиот тим се уште не дал зелено светло за негово враќање на терените.

„Ги чекаме резултатите од тестот на Роналдо, вечерва ќе добиеме дефинитивен одговор. Кјелини сигурно нема да игра, за Бонучи ќе знаеме утре, не е 100% подготвен. Што се однесува до Де Лихт, се уште не сме добиле OК од лекарскиот тим“ – изјави Андреа Пирло.

„Барселона е силен тим со големи шампиони, па ќе треба да одиграме на едно високо ниво. Играчите ќе мора да изгинат на терен и да одиграат најдобро што умеат“.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе