Корона кризата удри по полскиот клуб

Кјелце остана без главниот спонзор, можно ли е враќање на Карачиќ во Вардар?

Претседателот на Кјелце потврди дека нивниот главен спонзор „ВИВЕ“ се откажува од проектот, ваквиот развој на настаните може да значи и враќање на Карачиќ во Вардар. 

Коронавирусот удри по Кјелце, компанијата „ВИВЕ“ која во изминатите години беше главен спонзор на клубот има сериозни загуби од пандемијата.
 
Поради тоа „ВИВЕ“ го раскинува договорот со Кјелце и неизвесно е со каков буџет ќе располага клубот во следната сезона.
 
Причината поради која ВИВЕ нема повеќе да биде спонзор на клубот е едноставна. Компанијата е погодена од корона кризата, продавниците им се затворени“, соопшти претседателот на Кјелце, Бертус Сервас.
 
Карачиќ е еден од најплатените ракометари на Кјелце, па доколку клубот има потешкотии да опстане и ги намали амбициите, тој би требало да биде еден од оние кои ќе заминат.
 
Вардаровата икона кога не е во Полска постојано е во Македонија, тој денеска заедно тренираше со Дибиров кој објави слика на социјалните мрежи.
 
Вардар под водство на новото раководство предводено од Михајло Михајловски е во фаза на изградба на новиот тим, а враќање на Игор Карачиќ и тоа како ќе легне.
 
 
 
 
View this post on Instagram

Training done @igorkaracicc

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) onJun 17, 2020 at 3:01am PDT

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе